
Укината услугата со полномоштво да се купува годишен паркинг талон. За разлика од претходно, кога имаше можност граѓани на Штип да купуваат талон за паркинг со полномоштво од жителите во централното градско подрачје, веќе истото нема да функционира. Годишен талон како жител во централното градско подрачје може да купува само оној кој навистина живее таму.
Како што истакна в.д. директорот на ЈП „Стипион“, Игор Ефтимов, со ова и со намалувањето на цената на годишните талони се задоволуваат потребите на жителите од ова подрачје. Особено, со тоа што сега кога се укинати полномоштвата има и повеќе паркинг места за нив.
На почетокот на тековната година беше намалена и цената на месечните и годишните талони, што требаше да услови зголемена продажба на истите, а ЈП „Стипион“ да не трпи дополнителни загуби.
Ребека Спасова М-Нет