
Машините пристигнаа, започна проширувањето на крстосницата во населба Сењак во Штип. Имено, откако пред недела дена надлежните истакнаа дека хаосот во овој дел од градот ќе се регулира со поставување на светносни сигнали, денеска започна проширувањето. Времените објекти, тротоарите ќе бидат отстранети, а потоа ќе се пристапи и кон останати активности. Ги прашавме граѓани од тој дел од градот дали семафорите ќе го решат сообраќајниот метеж овде. Тие со поделено мислење.
„Не семафори, треба кружен тек, а не семафори, ама тие така намислиле, така ќе биде“
„Ќе се реши со семафорите, а неизводливо е овде да се прави кружен тек. Не одговара самото поднебје за кружен тек. Но, пред семафорите да се постават тие „умрените полицајци“ на едно 10 -15 метри пред сите семафори“
Утринава беа поставени сообраќајни знаци дека се извршува работа на терен. Предвидено е да бидат поставени светлосни знаци со што ќе се намали гужвата и метежот во овој дел од градот, кој за сега претставува црна точка во Штип, истовремено ќе бидат намалени и сообраќајните незогоди.
Лаура Стојанова М-Нет