
Незадоволството на оризоприоизводите од кочанско ги вади истите утре на протест со блокада на патниот правец Кочани – Штип, кај село Облешево. Нивните барања да бидат слушнети и исполнети бараат тие со цел белото злато да продолжи да се прозведува. Меѓутоа, денеска премиерот Димитар Ковачевски од Штип, на новинарско прашање дали ќе присуствува на протестот и дали ќе се одговори на барањата на оризарите не одговори конкретно, додавајќи дека има ресорно министерство со кое најверојантно ќе се пронајде заеднички дијалог.
„Во однос на оризопроизводителите, ние имаме за секој ресор министерство во рамки на Владата, така да Министерот за земјоделие со својот тим нормално и со целиот капацитет со кој располага министерството, ќе ги сослуша, ќе ги погледне барањата на оризопроизводителите и согласно со програмите со кои располага државата, согласно со Буџетските средства, јас се надевам дека ќе најдат решение кое ќе биде на обостран интерес.“ – кажа Ковачевски.
Оризопроизводителите од кочанско бараат откуп на оризот кој стои од претходната година, но и исплата на субвенциите кои беа дел од корона мерката. Ова не е прв протест на произведувачите на бело злато. Тие бараат цената на оризовата арпа да биде над 30 денари, а белиот ориз над 80 денари. Со таа цел утре во 10 часот со земјоделска механизација излегуваат на протест со што ќе биде блокиран патниот правец Кочани – Штип, кај село Облешево.
Лаура Стојанова М-Нет