80% од хоспитализираните ковид пациенти во штипската болница се на апарати за дишење

Осум новопримени пациенти на штипското инфективно одделение по последните 24 часа, само едно лице регистрирано како оздравено си заминало дома. Со ова бројот на хоспитализирани е 54, од кои 53 на Инфективното а еден на Кожното одделение, но и 10 пациенти на дневна амбуланта. Од хоспитализираните 43 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 17 лица. Во изминатото деноноќие нема регистрирано починати лица. Слобдони се 17 ковид кревети, од кои осум на Инфективното и девет на Кожното одделение информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска..

Во Кочани во последните 24 часа новопримени пациенти нема, испишани се двајца. Со ова бројот на хоспитализирани е 11 од кои седум се вакцинирани, а тројца пациенти се на кислородна поддршка.

Во општините од Истокот моментално активни се 485 ковид случаи. Кочани се искачи на врвот по активни случаи во Истокот односно 162, во Штип 159. Во останатите општини бројката е двоцифрена вклучувајќи ги и Делчево и Македонска Каменица каде активни се 72 односно 21 корона пациент. Пехчево е на границата односно активни се 10 ковид случаи.

Според Информации од министерствот за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.818.882 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.182, бројот на оздравени пациенти е 257.280, на починати е 8.578, а бројот на активни случаи изнесува 12.324.

Лаура Стојанова М-Нет