Пронајдена прашкаста материја кај осуденик во КПУ Затвор Штип

На 06.02.2022 во 21.44 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при претрес кај осуденото лице В.Т.(37) од Скопје била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и ја одзеле прашкастата материја за понатамошна постапка. По комплетирање на случајот против В.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.