Четири починати лица, три од Ковид – 19 за едно деноноќие во штипското Инфективно одделение

Четири починати лица се регистрирани во последните 24 часа на штипското Инфективно одделение, тројца како последица од Ковид 19. Двајца пациенти од Штип на 60 и 74 годишна возраст, едно лице од Радовиш на 63 години и едно од Делчево на 80 годишна возраст. Според извештајот од болницата, во изминатото деноноќие новопримени се пет пациенти, исто толку си заминале дома. Според ова, бројот на хоспитализирани на Инфективното одделение е 52, од кои 40 имаат потреба од кислородна поддршка и привремено се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се десет лица. Слободни се само пет ковид – кревети на Инфективното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во Кочани на Интерното одделение при Општата болница нема хоспитализирано ковид – пациенти и покрај тоа што во моментотот во Кочани активни се над 200 коронапациенти, потврдуваат од болницата.

Во општините од Истокот моментално активни се 970 ковид – случаи. Три општини од источниот дел од државата имаат троцифрена бројка заразени пациенти, односно во Штип има 340, во Кочани 222 и во Делчево 150. Останатите општини се со двоцифрена бројка заразени ковид – пациенти вклучувајќи ги и Македонска Каменица и Пехчево каде има активни 45 односно 28 ковид случаи.

Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571.

Лаура Стојанова М-Нет