
Студеното време и температурите во длабок минус го оставија полупразно централното градско подрачје во Штип. По улиците во Штип можеше да се сретнат само оние граѓани кои имаат некоја обврска за завршување. Пред камерите на М-Нет Телевизија штипјани велат дека паметат студени зими, но начинот на кој граѓаните се справуваат со студот е многу поразличен.
„Многу лошо, оваа година е малку поразлично. Не знам дали ние така чувствуваме. Дома имаме греење, а надвор не излегуваме многу. Ама зимно време е, тоа е нормално, период е“, вели еден анкетиран штипјанин.
„Ладно е, ама што да се прави. Кога имаме работа, мора да излегуваме. Ако нема работа, ќе седиме дома. Порано не паметам да беше толку ладно“, додава друг.
Синоптичарите најавуваат и за наредните денови температури во минис, особено навечер и наутро. Дневната температура ќе се искачи до третиот степен над нулата, што значи студеното време ќе се задржи и во деновите од оваа недела. Меѓутоа, како што додадоа анкетираните штипјани ниските температури соодвестуваат со овој временски период од годината.
Лаура Стојанова М-Нет