Стари делови од автомобили мета на крадците во Штип, полицијата на терен

Кражбите во Штип и регионот продолжуваат и понатаму. Ако претходната недела таргет беа викендичките во местото викано Чурлин во Штип, кражба пријави и споственик на стари автомобили за стари делови. Ѓорги Крстовски е еден од многумината кои се соочуваат со кражби. Вели само во последнит месец пријавил 10 тешки кражби кои чинат и по неколку илјади евра.

„Љубимец сум и заљубен во возилата, 50 години го работам ова од дете сум со возилата. Но, само во последниот месец можам да кажам дека сум пријавил над 10 тешки кражби, тоа се над неколку илјади евра и постојано пријавувам во полиција, но во последно време не ни пријавувам бидејќи полицијата не презема никакви мерки“ – вели Горги.

Крстевски вели дека на својот плац во Штип во близина на Републичката полиција има поставено и камери, но крадците често пати знаат да ги скршат или оштетат истите и повторно да направат штета. Кражби се забележани и на неговиот плац во населба Три чешми, но и на викендичката.

А, повторна кражба во манасторот „Воскресение Христово“ е пријавено и во текот на вчерашниот ден, информираат од СВР Штип. Имено, На 23.01.2022 во 11.23 часот во СВР Штип, Б.С.(50) од Штип пријавил дека во временскиот период од 20.01.2022 до 23.01.2022, со употреба на сила и подeсен алат било влезено во помошен објект на манастирот „Воскресение Христово“ во место викано „Семејна Чешма“-Чепрово, од каде биле одземени  предмети. Се работи на расчистување на случајот.  

 Од СВР Штип истакнаа дека се запознаени со ваквите чести случаи, додавајќи дека тие постапуваат по делата и пријавите со цел безбедност на граѓаните и нивнота имот.

Лаура Стојанова М-Нет