Пред секој празник манстирот „Воскресение Христово“ во околината на Штип мета на вандализам

Манастирот Воскресение Христово во околината на Штип мета на вандализам. Имено, утринава кога домаќинот Борче отишол во манастирот повотрно се соочил со сликата на разбиени ѕидови и врати и одземени предмети од непознати сторители. Пред камерите на М-Нет со солзи во очите тој раскажува како за секој празник кражбите се неизбежни, па наместо да се радуваат го поминуваат во тага. Решение мора да се најде, бидејќи манастирот е на прексрасна локација и има доста посетеност за да биде уништен од страна на несовесно поединци.

„Ни се случија неколку тежки случки овие денови. За 20 дена имаме три кражби и не знам како можеме да се справиме со ова и дали некој може да не заштити и да ставиме крај на ова што се случува. Пробиени се двата ѕида на манстирот, внатре е извршен вандализам, уништување на доста предмети, двете простории се хаос“ – кажа Борче.

И на денешниот празник посетеност имаше во манастирот. Граѓаните кои издвоиле време за посета на овој манастир раскажувајќи ја легендата за неговото настанување велат проблемот со кражбите мора да се реши.

„Местото е прекрасно, местоположбата е отворена. Нема големи писаниа за овој манастир меѓутоа од маобетите кои ги слушаме од луѓето, овде постоеле претходно манастир и црква. Уште од римско доба постои приказна која ја раскажуваат луѓето кои ја имаат копано водата, бел гулаб им има застанато што мене ме воодушевува таа приказна. Постои една легенда за овој манастир дека кога ќе биде готов дека Штип, штипско и цела Македонија ќе станат многу цврсти и јаки“ – раскажуваат посетителите.

Ваквите случаи со кражби од манастирот се пријавувани и во СВР Штип, потврди Борче. Меѓутоа спасот се гледа во поставување на камери кои би биле донација од поединци кои се во можност да го сторат тоа, со цел заштита на ова богатство во околината на Штип. Бидејќи, локацијата и местоположбата на манастирот е прекрасна па штета би било ова да биде оставено на милиост или немилост на несовесните граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет