
Вчера вечер повторно гореше кочанското поле. Земјоделците и оваа година почнаа со палењето на стрништата по завршувањето на жетвата. И покрај многубројните апели сепак земјоделските остатоци горат секоја година овој период. А, постои и друго решение вели агрономот Љубомир Иванов. Според него палењето на стрништата е доста штетно, па вели потребно е земјоделците истото да го остават во историјата и да применуваат други методи.
„Веднаш после жетвата, ден, два, три после да се истањира целата површина со мало тањираче, да се искршат стебленчат од житото или јачмен, без разлика. Со тоа ќе се спречи испарувањето на влагата, бидејќи водата испарува од тие стебленца после жетвата. Еден обичен ветер влече три пати повеќе вода отколку најјако сонце. Овде ќе се спречи испарувањето на водата. Потоа, месец два после жетвата во месец август ќе се направи повторно тањирање со што се што е иситнето ќе се затрупа во почвата“ – вели Иванов.
Ваквата операција важи за повеќе култури, ориз, јачмен, пченица. Според Иванов ако една година се насади пченица и се примени овој начин на третирање на земјоделските остатоци до година може да се роди за 50% повеќе јачемен на примр. Тој додава дека стрништата се палат од неискуство и незнаење на земјоделците, а со тоа се уништува целиот азот кој го има во почвите.
Овој ексеримент на Иванов не е нешто ново, вели тој додавајќи дека доколку се применува од страна на земјоделците придобивките ќе бидат значително поголеми. Нема да биде уништена почвата, животната средина, истовремено се зголеми и количеството род.
Лаура Стојанова М-Нет