
За прв пат годинава Локалната самоуправа во соработка со бизнис секторот во Општина Штип донираат 200 пакети за социјално ранливите семејства во општината. Проектот е под мотото „Сите заедно за безгрижни Божиќни празници“ а целта единствена да се внесе топлина и радост во сечиј дом и оние семејсства на кои им е најпотребно да можат да го почувствуваат празничниот амбиент со скромна посна бадникова трпеза.
„Навистина ми е драго што во текот на денешниот ден ќе имаме можност да го реализираме проектот „ Сите заедно за безгрижни Божикни празници“. Имено, се работ за проект кој е иницијатива на Локалната самоупрва, меѓутоа во соработка со општествено одговорни компании или поточно бизнис секторот од нашиот град донираше финансиски средства со кои што Општина Штип направи 200 пакети со Божиќна односно Бадникова вечера. Истата ќе биде поделена на 200 семејства кои се во социјален ризик. Оваа година за прв пат се реализира овој проект меѓутоа се надеваме дека наредната година веќе ќе стане традиција“ – кажа Ангелова.
Празничните пакети беа полни со храна пред се посна, со која и граѓаните од ранливо социјаните семејства ќе можат да го дочекаат Христовото раѓање. Баница, колаче со паричка, суво, но и свежо овошје, апетисани, пијалоци беше дел од репертоарот кој се наоѓаше во пакетите. Со ова се покажува хуманоста на дело, а пакетите ќе завршат во рацете на оние на кои им е најпотребно.
Лаура Стојанова М-Нет