Малите коледари утринава со песна го најавија Христовото раѓање

Со песна на малите коледари се најавува Христовото раѓање. Детскиот глас од утринава се слуша по куќите, коледарите го најавуваат големиот христијански празник Божик. За добрата вест се наградува, а награда за малите коледари е отворена врата, пречек, радост и дарови, плодови од природата ореви, костени, јаболка, колаче и по некоја паричка. За децата ова значи радост, за по возрасните доволна е нивната вистинска насмевка и задоволство. За домаќинките пак ова е предвесник дека годината ќе биде берикетна.

Откако наутро децата го најавуваа Христовото раѓање во текот на денот домаќинките се подготвуваат за вечерашната посна трпеза. Имено, со вечерашната посна трпеза завршуваат Божиќните пости, од утре веќе трпезата е мрсна и се слави Христовото раѓање.

Лаура Стојанова М-Нет