6 јануари, Бадник – неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

6 јануари – Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

„Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.“ – стои во соопштението од Министерството.

Неработен е и следниот ден – 7 јануари, Божиќ, кој според Законот за празниците е неработен за сите граѓани.

Христијанските верници кои се раководат според јулијанскиот календар Божиќ го одбележуваат на 7 јануари, а ден претходно го празнуваат Бадник. На Бадник во домашното огниште се пали бадниково дрвце, кое претставува симбол на светлината и топлината, кои треба да ги греат и зближуваат членовите на семејството. Според стариот јулијански календар се раководат Ерусалимската патријаршија, Македонската православна црква, српската, руската, грузиската црква и Света Гора.

Ребека Спасова М-Нет