
Сѐ уште е присутен одронот на патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, односно десетина километри пред Миладиновци каде сообраќајот сѐ уште се одвива само по една коловозна лента во должина од 150 метри. Локацијата е со соодветна поставена сообраќајна сигнализација.
Освен на тоа место од АМСМ апелираат и на внимателно возење на останатите патни правци кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури каде постои сепак опасност од појава на свлечишта и одрони особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.