
Возило марка Опел, ноќеска околу 00:55 часот, заврши во отворениот канал кај подлошка раскрсница, на влезот во Кочани. Информацијата ја потврдија од СВР Штип. Возилото било со кочански регистарски ознаки и едно лице се здобило со телесни повреди. На местото на незгодата имало траги од кочење.