
Во спомен на починатиот свој колега Ѓорги Џонов штипските пожарникари одиграа меморијален натпревар во мал фудбал кој отсекогаш бил омилен во нивното слободно време. Се играше со специјален фудбал на кој беа испишани имињата на сите пожарникари и колеги на пред три години починатиот Ѓорги Џонов.
Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов со своето присуство покажа должна почит и внимание кон починатиот Ѓорги Џонов со напомена дека локалната самоуправа го цени трудот и напорите на штипските пожарникари и дека наскоро нивниот објект ќе блесне во нов сјај а се прават напори за нивна достојна опременост во лична и во техничка опременост.
Резултатот од ваквиот тип на натпревари никогаш не е битен, важен е чинот на почит и внимание кон својот починат колега чиј лик и дело останува врежано во нивното сеќавање.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk