
Борче Постолов со свој допис ја информираше нашата спортска редакција дека по тригодишна соработка заминува од функцијата координатор на младинската школа на ФК Брегалница од Штип. Тој ја нагласува досегашната успешна соработка со пласман на младинските екипи на Брегалница во повисок ранг при што нормално имало и некои потешкотии. Борче Постолов им посакува успешна кариера на сите млади фудбалери притоа честитајќи им ги претстојните новогодишни и божиќни празници. Извршниот директор на Брегалница Емил Тодев ни потврди дека заврши соработката со Борче Постолов и во консултација со спонзорот Кирил Гогов за нов координатор е назначен Мијалче Прошев кој воедно ќе биде и тренер на една од младинските селекции.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk