БК „Олимпија“ – Штип го прослави четвртиот роденден

Боречкиот клуб Олимпија од Штип полни 4 години успешно настапува и ги полни своите витрини со заслужени признанија и трофеи кои сведочат за нивниот талент и секако макотрпната работа на нивните тренери. Откако младите членки пригодно ги запознаа гостите со личната карта на клубот и со најзначајните активности Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов заеднички со тренерите Гордан Николов и Кире Нисев ја пресекоа роденденската торта која ја красеше славеничката трпеза.

Градоначалникот Иван Јорданов го нагласи значењето од постоењето и успешните настапи на сите спортисти, меѓу кои и на борачите на Олимпија кои со своите добри резултати се гордост на самиот град . Локалната самоуправа секогаш излегува во пресрет на спортот и на спортските настани

Искрени честитки за успешната работа и славеничкиот роденден беа пренесени и од двајцата раководни членови на Олимпија Марјан Атанасов и Методи Сичков кои поради оправдани причини не присуствуваа на оваа свеченост.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk