Може ли директор на институција да биде советник во Совет на општина?

Советници во Советот на Општина Штип се доктори, директори, економисти, професори, спортисти. Меѓутоа денеска на четвртата седница на Советот се отвори прашањето кој се може да боде дел од одлучувачкото тело за град Штип. Советниците од ВМРО ДПМНЕ побараа од службите објаснување кој може да седне во фотелја за да одлучува за најдоброто на граѓаните.

„На претходната седница побаравме да биде доставено едно барање до Државната комисија за спречување корупција во кое требаше да добиеме мислење за дел од советниците што имаат советнички мандат, дали може да присуствуваат во работата на Советот“ – праша Иванов.

„Во Законот за спречување на корупција и судир на интереси во член 44 став 4 се дефинира забраната за вршење на други дејности и тоа избрано или именувано лице не може истовремено да врши функција на одговорно лице или член во одбор на управување или надзорен орган во јавно претпријатие или јавна установа кое располага со државен капитал. Тоа значи дека едно лице не може да биде советник во совет на општина и одговорно лице, вд директор на институција“ – кажаа од службите.

Како засегнати во случајот се најдоа директорката на Центар за социјални грижи Штип и директорот на библиотеката. Тие истакнаа дека исто побарале мислење од Комисијата за корупција и криминал, но одговор се уште не добиле.

Според одговорот на службите во Општина Штип кои го добиле од страна на Комисијата за спречување криминал и корупција додколку едно лице е во Советот на општината истовремдено и одговорно лице или вд директоро на инстутиција треба да избере една работа а од другата да се откаже.

Лаура Стојанова М-Нет