Бројот на слободни ковид кревети во Кочани и Штип во пораст, нема починати лица

Без починати ковид пациенти помина ноќта во Клиничка болница Штип. Според извештајот од болницата во последните 24 часа новопримени се двајца пациенти, исто толку се и испишани. Со ова бројот на хоспитализирани е 32 на Инфективното одделение и еден пациент на дневна амбуланта. Кожното одделение при Клиничка болница Штип останува прзано. Од хоспитализираните 17 лица се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 8 пациенти. Слободни се 25 ковид кревети на Инфективното одделение и 10 на Кожното, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница хоспиталзирани се само четири ковид пациенти. Во изминатото деноноќие новопримено еедно лице, испишани двајца. Еден пациент има потреба од кислородна поддршка, а вакцинирани се две лица. Слободни се 23 ковид кревети, информираат од кочанската болница.

Во општините од Истокот моментално активни се 453 ковид случаи, најмногу во Штип 115, во Кочани 106 и во Делчево 103. Во останатите општини од Истокот бројката на активни ковид случаи е двоцифрена освен во Пехчево каде има активни само седум случаи.

Според информации од министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а бројот на активни случаи изнесува 5.707.

Лаура Стојанова М-Нет