
Шестото Футсал коло со порази го одбележаа штипските второлигаши Кардшлк и Астибо, додека пак тимот на Мал Ајакс славеше на гости. Најпрвин тимот на Кардшлк загуби од Овче Поле со висок резултат, но полека овој симпатичен тим го добива својот лик со нови играчи и тренер во името на Венцо Зафиров. Екипата на Астибо повторно настапи ослабено поради болест на неколку првотивци и тоа во борба со директниот конкурент за висок пласман, тимот на Конзули од Битола. Решавачки беше првиот дел во кој гостите играа тактички мудро и обезбедија високо водство од 1:4. Во второто полувреме играчите на Астибо направија вистински пресврт, израмнија на 4:4 а подоцна и дојдоа во водство од 6:5. Сепак големиот напор си го направи своето и во самиот финиш примија уште три гола за конечен резултат 6:8. Екипата на Мал Ајакс убедливо победи на гостувањето кај Проект со резултат 2:6, Наша слободна добронамерна оценка е дека судењето во Футсал мора да се коригира, односно со цел заштита на играчите почесто да се досудуваат и санкционираат многубројните опасни стартови со цел коректност во играта без разлика колку пенали би се досудиле. . Вака со НЕ СУДЕЊЕ на опасните стартува се дозволува груба игра и вистински инцидентни искри кои не се пожелни во нашите сали. Еве ги комплетните резултати од ова 6 коло:
- Клими – Велешта 7:1
- Кардшлк – Овче Поле 2:9
- Проект – Мал Ајакс 2:6
- Кеги Моби – СЕЕ Универзитет 9:2
- Астибо – Конзули 6:8
- Црешово топче – Форца ќе играат вечерва
Екипата на Кеги Моби останува на врвот со 18 бодови, втора е екипата на Конзули со 15, трете тимот на Мал Ајакс со 14, Астибо е четврти со 12 бодови а Кардшлк е последен 12 без бодови.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk