
Шеснесетото прволигашко коло можеме слободно да го oкарактеризираме како коло на нeрешени средби, бидејќи дури 4 натпревари завршија без победник. Единствено победи извојуваа екипите на Шкупи и на Шкендија со што ја потврдија борбата за шампионската титула. Брегалница освои бод на жешкиот терен во Струмица и заедно со Ренова е на делба на 4 место на табелата со по 26 освоени бодови. Еве ги комплетните резултати од ова 16 коло:
- Работнички – Ренова 0:0
- А. Пандев – Брегалница 0:0
- Борец – Македонија ЃП 1:1
- Скопје – Шкупи 1:3
- Шкендија – Пелистер 2:1
- Струга ТЛ – Тиквеш 0:0
ТАБЕЛА
- Шкупи 38
- А. Пандев 32
- Шкендија 30
- Ренова 26
- Брегалница 26
- Струга ТЛ 23
- Македонија ЃП 21
- Работнички 19
- Скопје 17
- Тиквеш 14
- Борец 9
- Пелистер 5
Следното 17 коло ќе се одигра вонредно во среда 8 декември ана „градски“ во Штип ќе се сретнат Брегалница – Работнички.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk