
Женската екипа на Шампион ФА од Штип одигра фантастичен меч против екипата на Младост 96 и по 4 часовна борба загуби со резултат 4:3. Во последниот решавачки меч во двојки штипските „шампионки“ при резултат 2:1 имаа водство од 7:1 и две меч топки при резултат 10:8 , но немаа среќа и загубија. Составот Амелија Уце Николов, Надица Вчкова, Ангелка Кескинска и Изабела Ковачоска ветува жестока борба во пролетниот дел за освојување и на самата шампионска титула.
Во изминатиот викенд се одржа и првиот бодовен Мастерс за Сениори при што пинг – понгарите на Шампион ФА постигнаа одлични резултати. Емилија Уце Николов го освои првото место и титулата шампион а Филип Младеновски стана вице – шампион во машка конкуренција. Изненадувачки одличен настап имаше и младиот Лука Стојчев инаку кадетски репрезентативец кој со своите 13 години догура до четврт – финалните натпревари во сениорска конкуренција. Селекторот Сашко Богатинов не информираше дека заедно со тренерот Зоран Јовановски крајот на оваа календарска година ќе го заокружат со тренинг – камп во СРЦ Јане Сандански во Скопје.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk