Куп на Македонија: Силекс – Брегалница директно на Мнет ТВ и на каналот Мнет Спорт

Четврт финалните натпревари во рамките од македонскиот куп ќе се одиграат утре среда со почеток во 13.00 часот. Тимот на штипска Брегалница ќе гостува на лидерот на второлигашкиот запад Силекс во Кратово и се очекува мошне интересен, возбудлив и до крај неизвесен натпревар. Поради големиот интерес нашата Мнет ТВ благодарејќи на одличната соработка со ФФМ ќе врши директен пренос како и на каналот Мнет Спорт. Веќе се одредени и официјалните лица за овој меч во кој главен судија ќе биде Александар Грујоски, прв помошник Куштрим Лика, втор помошник Зоран Јанкуловски а четврти судија ќе биде Марјан Дејаноски сите од Кичево. За Контролор е делегиран Илир Сеља од Струга а Делегат ќе биде Драган Блажовски од Скопје. Еве ги комплетните четвртфиналните куп средби:

  1. Шкендија – Струга ТЛ
  2. Пелистер – Вардар
  3. Македонија ЃП – Шкупи
  4. Силекс – Брегалница

Сите натпревари ќе се одиграат во среда 1 декември 2021 г. со почеток во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk