Младите борачи на Балканец редат успеси и „жнеат’ медали на турнирите во Велес и на Косово

Изминатиот викенд беше исклучително бериќетен за младите и раскошни таленти на Балканец. Тие настапија на два мошне силни Меѓународни турнири од каде што се вратија со респектабилни резултати и повеќе медали кои ќе ги полнат витрините на клубот. На Меѓународниот турнир во Велес „Љубомир Коцев – Листон“ кој воедно беше и јубилеј 60 г. од постоењето на ЖБК „Борец“ борачите на Балканец ги освоија следните медали:

Златни медалји во своите категории освоија: Јован Атанасов, Андреј Трајчов, Зоран Шоров, Дарио Димитров, Викторија Ѓурова и Анабела Данилова. Со сребрени одличја се закитија: Дарио Ѓуров, Никола Гицов, Андреј Мишев, Дамјан Смилков и Марија Цветанова. Бронзени медалји освоија: Лука Јовчевски, Иван Коцев, Јован Балабанов и Стојанче Стојков,

Шестмина борачи на Балканец настапија и на Меѓународниот турнир „ Ментаз Ајалбегу“ кој се одржа во Косово и од таму се вратија со повеќе медали. Јован Атанасов во својата категорија повторно беше „златен“, сребрени медали освоија Стојанче Стојков и Марија Цветанова а бронзен медал освои Стефан Стојков.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk