
Екипата на Конзул за прв пат гостуваше во Штип и се претстави во едно мошне светло и силно издание против домашниот тим – Кардшлк. Одиграа мошне агресивно, колективно и ефикасно и во првиот дел од средбата се стекнаа со високо водство од 5:0. Играчите на Кардшкл не можеа никако да се снајдат, имаа повеќе шанси за гол, но реагираа брзоплето и биеаја непрецизно. Во второто полувреме постигнаа еден мошне атрактивен гол со кој само го ублажија поразот. Тимот на Астибо одигра релаксирано и со песна се врати од Пробиштип, додека пак Мал Ајакс „откина“ бод во Свети Николе. Еве ги резултатите од ова второ второлигашко коло:
- Клими – Форца 5:5
- Овче Поле – Мал Ајакс 2:2
- Велешта – СЕЕ Универзитет 8:1
- Кардшлк – Конзул 1:7
- Црешово топче – Астибо 6:10
- Проект Јосифово – Кеги Моби – вечерва
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk