Брегалница ќе гостува на Силекс во четвртфиналето од Купот на Македонија

Денес во „куќата“ на фудбалот се изврши ждрепката за четврфиналните натпревари во рамките од Купот на Македонија. Ждрепката сакаше тимот на Брегалница да гостува на второлигашот Силекс во Кратово. Еве ги комплетните четвртфинални двојки:

  1. Силекс – Бтрегалница
  2. Шкендија – Струга Трим Лум
  3. Пелистер – Вардар
  4. Шкупи – Македонија ЃП

Овие четвртфинални куп натпревари ќе се одиграат на 24 ноември со почеток во 13.00 часот и се игра само еден натпревар.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk