
Денеска Клиничка болница Штип со намален број на хоспитализирани ковид пациенти, а зголемен број на слобдни кревети за ковид лицата. Според информации од таму вкупната бројка на хоспитализирани пацинети е 44 од кои 38 во модуларната ковид болница и шест на Кожното одделение кое работи како ковид оддел. Во последните 24 часа ново примени се три лица, а испишани две. Од хоспитализираните 27 пациенти имаат потреба од кислородна поддршка, а вакцинирани се 14 лица. Слободни се 12 кревети, осум во модуларната болница и четири на Кожното одделение, а во последното деноноќие едно лице ја изгубило битката со невидливиот непријател, информираше Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Кочани хоспитализирани се вкупо 17 лица на Интерното одделение кое работи како Ковид оддел. Од нив четири се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 5 лица. Во последните 24 часа новопримен е еден пациент, а испишани двајца. Нема починати лица и моментално слободни се десет кревети за ковид пациентите, информираат од кочанската болница.
Намален е и бројот на активни ковид случаи во моментот во општините од Истокот. Во моментот активни се 525 случаи, повторно најмногу во Штип 981 и во Кочани 151. Во останатите општини бројката е двоцифрена. Најмалку активни случаи има во Пехчево, односно само три лица.
Според информации од министерството за здравство, заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а бројот на активни случаи изнесува 6.187.
Лаура Стојанова М-Нет