
Со одиграните досегашни 11 кола заврши првиот дел од првенството во ПМФЛ. Вториот дел ќе започне во петок со единствениот првенствен натпревар помеѓу Шкупи – Брегалница кој ќе биде пренесуван директно на ТВ. Останатите 5 средби наместо во недела поради изборниот ден ќе се одржат во Сабота . Брегалница првиот дел го минува на високото 4 место на табелата со освоени 19 бодови или со 7 бодови помалку од првопласираниот Шкупи кои освои 26 бодови. Зад Брегалница се повеќе реномирани екипи меѓу кои актуелниот првак Шкендија, потоа Струга ТЛ, Работнички, Борец, Македонија ЃП и други. Брегалница по првите 4 нерешени средби нанижа 5 победи и доживеа 2 порази со гол разлика од 19:14. По средбата со Шкупи Брегалница ќе игра дома со Скопје за да потоа гостува на Шкендија. Во секој случај Брегалница добро одигра во првиот дел, но тоа не треба да залажува туку така и да продолжи во следните натпревари во вториот дел односно вкупно 22 кола.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk