Хоспитализирани 64 ковид пациенти во Кочани и Штип, починале две лица

По викендот бројките на ковид пациенти во кочанската и штипска болница речиси исти како и претходно. Бројката на новопримени без драстични промени. Во штипската Клиничка болница примени се шест ковид пациенти, а испишани седум. Моментално хоспитализирани се 46 ковид пациенти од кои 40 во модуларната болница и шест на Кожното одделение кое работи како ковид оддел. Регистрирани се и осум пациенти во дневна амбуланта. Од хоспитализираните 32 се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 14 пациенти. Слободни се десет кревети за ковид пациентите, шест во модуларната болница и четири на Кожното одделение. Во последното деноноќие две лица ја изгубиле битката со невидливиот непријател во штипската болница, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница хоспитализирани се 18 ковид пациенти на Интерното одделение кое работи како ковид оддел. Во последните 24 часа ново примени пацинети нема, а испишани се две лица. Од хоспитализираните пет се на кислородна поддршка, а вакцинирани се седум лица. Нема починати лица во кочанската болница, слободни се девет кревети, информиараа од болницата.

Во општините од Истокот активни се 560 ковид слуќаи, најмногу во Штип 212 и во Кочани 164. Во останатите општини бројката е двоцифрена. Најмалку активно случаи на корона вирусот има во Пехчево односно само три.

Според информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.364.488 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.766, бројот на оздравени пациенти е 186.322, на починати е 7.051, а бројот на активни случаи изнесува 6.393.

Лаура Стојанова М-Нет