Пливачите на клубот „Челични“ иако без базен и никакви услови, сепак постигнуваат вредни резултати

Иако немаат базен и никакви услови, со снаоѓање по соседните градови, сепак младите пливачи на клубот „Челични“од Штип восхитуваат со своите постигнати вредни резултати. Скоро на сите свои учества овде во Македонија и на меѓународен план победничкиот трон е зачинет со некој од преставниците на „Челични“ Најновиот успех предводени од спортскиот педагог и тренер Мирко Јакимовски, тие го постигнаа на Меѓународниот Пливачки Митинг „13 ноември“ што се одржа во Скопје. Во конкуренција на 387 пливачи од 28 клубови од Македонија, Косово, Албанија, Бугарија, Србија и Чешка штипските „челични“ освоија 4 медалји. Ивона Наумова освои сребрен медал во дисциплината Слободно 400 м. , додека пак во истата дисциплина на 200 освои бронзен медал. Вероника Зашевска освои бронзен медал во дисциплината Делфин – 100 м. а Методи Георгиев беше „бронзен“во дисциплината Делфин – 200 м. Традиционалниот Пливачки Митинг „13 Ноември“ се одржува со одлична организација во водите на базенот Борис Трајковски во Скопје.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk