Штип официјално со нов градоначалник, Јорданов денеска седна во градоначалничката фотелја

Официјално од денеска Иван Јорданов е новиот градоначалник на Општина Штип. Денеска од страна на ОИК Штип му беше врачено и уверението со што тој ја презема градоначалничка функција. Јорданов во оваа прилика истакна дека граѓаните на 17 октомври го препознале подоброто, а сега нивна задача е да го оправдат истото. Вратата на кабинетот на градоначалникот и зградата на општината секогаш ќе бидат отворени за граѓаните додаде Јорданов. Тој претходно беше на утринска литургја во црквата во Ново село, а потоа пешачејки с својот тим пристигнаа о зградата на општината.

„Од денес официјално вратите на Општина Штип и оваа канцеларија ќе бидат широко отворени во служба на нашите сограѓани. Она што предизборно го ветивме дека ќе склучиме коалиција со народот од денес започнуваме со многу работа, со енергија и желба да го реализираме сето она кое што го имаме предвидено во нашата изборна програма и да бидеме сервис на нашите сограѓани“ – кажа Јорданов.

Јорданов истакна дека започнатите проекти од претходната Власт ќе продолжат со реализација, а нивна цел е да го олеснат фукционирањето на штипјани, како и реализација на проектите за кои веќе обврзани.

Инаку, денеска се врачи уверението само на новиот градоначалник во Општина Штип, а за советниците истото ке се спорведе овие денови бидејќи имаше приговори.

„Што се однесува за листата на советници, согласно заклучокот на ДИК, бидејќи Општна Штип е една од општините каде што има поднесено приговори, се уште се чека формалноста за поднесување да видеме дали ќе имаме тужба пред управен Суд или не и затоа ја чекаме конечната одлука на ДИК“ – додаде Вацев.

Во Општина Штип уште еднаш се покажа дека граѓаните довербата на татко на градот ја даваат само еден мандат. До сега не се случило градоначалник да добие втора шанса или два мандати во градот под Исарот. Јорданов е еден од најмалдите градоначаници во оваа општина, а прв кој седна во градоначалничката фотелја од неговите колеги во општините од Истокот.

Лаура Стојанова М-Нет