
Сообраќајна несреќа на влезот од Штип кај споменикот помеѓу населбите Балканска и Македонка. Патничко моторно возило марка „сеат леон“ преминало во спротивната лента и се превртело. Увид на лице место врши екипа на СВР Штип и засега нема податоци за евентуално повредени лица. Сообраќајот се одвива по една лента од коловозот.