„Длабоко“ на Пепа Димитрова доби видео запис, а идната година ќе биде дел и од албум

Песната „Длабоко“ на Пепа Димитрова, изведена на „Макфест“ доби и свој видео запис. Димитрова веќе по четврти пат настапи на 36. издание на фестивалот, а за песната сметала дека треба да добие видео запис, како и останатите досегашни. За што одбрала и карактеристичен концептот, истиот да биде во црно – бело издание. Како и тоа што содржински и интерпретаторски соодвестува со нејзината личност.

Песната, меѓу другото, ќе се најде и во албумот кој е во подготовка, заедно со претходната „Студени очи“ и уште неколку други кои се снимаат или веќе се снимени. Во врска со тоа кога истиот ќе ја види светлоста на денот, Димитрова напомена дека прво би сакала сè да биде сработено на најдобриот начин со кој ќе биде задоволна самата.

Димитрова најави и снимање нов спот деновиве, што, како што кажа, нејзе ѝ е особено драго.

Музиката и аранжманот за аудио записот на „Длабоко“ се на Јованче Арсовски, а текстот го напиша Наталија Данаилова. Режисерскиот потпис за видео записот е на Зоран Стојановски Зонде.

Ребека Спасова МНет