
Не пречено се одвива процесот на вакцинација во Кочани. Интересот за прва доза вакцина е вообичаен, ревакцината зависи од претходно вакцинираните, а за трета доза вакцина се уште нема раст на заинтересираноста кај граѓаните. Во вакциналните пунктови во Кочани се боцка со достапните вакцини на синвак, фајзер и астра зенека, информираше доктор Постолов.
„Продолжува вакцинација и ревакцинација во Кочани. До овој момент имаме вакцинирано некаде околу 40 пациенти со прва доза со вакцините Фајзер и Астра Зенека. До сега ревакцинирани се 20 граѓани со Астра зенека и 30 со Фајзер“ – кажа Постолов.
Истовремено се вршат и домашни посети на граѓани кои се болни и неподвижни, а кои пројавиле желба за вакцинација. Надлежните медицински лица велат има доволно вакцини и кадар за да се изврши имунизација на населението.
Според информации од министерството за здравство Вкупно се аплицирани 1.554.372 дози вакцини, а ревакцинирани се 756.176 граѓани, трета доза вкупно примиле 982 граѓани.
Во меѓувреме, на Интерното оддление во Кочани хоспитализирани се 14 ковид пациенти од кои три се на кислородна поддршка, а вакцинирани се пет лица. Во изминатото деноноќие испишан е еден пациент, а нема новопримени, инфомрираат од болницата.
Лаура Стојанова М-Нет