Со проекти и ветувања за урбаната заедница „Васил Догаџиски“ денеска беше промотивното видео на ВМРО ДПМНЕ. Кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Иван Јорданов, заедно со кандидатот за советник, Бранко Горгиев, истакнаа дека за оваа заедница се потребни многу труд, работа и сериозна посветеност. Во програмата се предвидени спортски и детски игралишта, како и промена на водоводната линија.
„Во УЗ „Васил Доганџиски“ се потребни многу работа, сериозен пристап и целосна посветеност. Ќе го реконструираме спортското игралиште на улица „Личка“, а ќе направиме неколку спортски игралишта и детски содржини во нашата урбана заедница. Наша обврска ќе биде да ја промениме водоводната и канализациона мрежа на сите улици во оваа урбана заедница, каде граѓаните се соочуваат со проблеми и потешкотии во секојдневното функционирање“, истакнаа тие.
Со секојдневни идеи и ветувања, но и проекти за подобрување на квалитетот на живот на штипјани, Јорданов и ВМРО – ДПМНЕ ја побараа довербата на граѓаните на 17 октомври.
Ребека Спасова МНет
