Во чест на сите спортски имиња, а во склоп на Мултимедијалниот центар ќе се направи музеј за спорт, истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Иван Јорданов. Според него, во овој музеј ќе бидат изложени лични предмети, фотографии и дресови на наши спортски амбасадори.
„Во склоп на ООУ „Тошо Арсов“ ќе изградиме нови мини спортски сали за боречки спортови, каде сите спортисти ќе добијат место за развој на нивните вештини. Ќе направиме атлетска патека која ќе биде достапна за сите спортисти и рекреативци. Во соработка со бизнис секторот ќе направиме балон сала со која ќе ги зајакнеме капацитетите за спортување во затворен простор. Низ целиот град ќе изградиме и реконструираме повеќе од 25 игралишта, а за подобрување на условите на спортот, спортските клубови ќе добијат повисок фонд од општината за основно функционирање и навремена исплата на годишните котизации. Наша задача е од новите генерации да направиме врвни спортисти со кои сите ние ќе се гордееме, а тоа е возможно единствено со новата иднина за Штип“, истакна Јорданов.
Штип има бројни, звучни спортски имиња и истите треба да бидат гордост за градот, а тоа може да се случи само преку вложување во спортот, додаде Јорданов.
Ребека Спасова МНет
