СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ на средба со новоселци

Симболично по повод денешниот празник, коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ на средба со граѓаните во славното Ново Село. Кандидатот за градоначалник, Сашко Николов, и кандидатите за советници преку разговор со новоселци го изложија она што го имаат направено, она што во моментов се прави или е дел од програмата.

„Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание, денот на слободата на нашата држава! Денеска се собравме овде во нашето етно Ново Село, место од каде што големи револуционери почнале големи походи за слободата и за градбата и за ширењето на нашиот град, во Ново Село, место каде што традицијата се спојува со урбаноста и модерното и современоста. Така што вечерва ќе имаме разговор со нашите сограѓани од Ново Село, место каде што во изминативе девет месеци направивме комплетен пресврт во работата, функционирањето. Направивме преубав парк, голем преубав парк со игралиште, со делче за најмладите, со делче за постарите за одморање. Веќе сме во решение, почеток на градба на целата колекторска цефка, решавање на сите оние канализациони мрежи пуштени во самата река. Заради тоа што таткото на градот, тимот којшто работи во Општината е тим којшто мора да работи за сите граѓани подеднакво, без разлика дали се тоа урбани, рурални средини, дали се тоа нови или стари места во нашиот град“, истакна Николов.

Николов додаде дека нивниот тим е оној кој го развива и насочува Штип кон најдоброто.

Ребека Спасова МНет