
Со свечена програма на отворено со почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид 19 започна Неделата на детото, која се одбележува секоја година првата недела од месец октомври. Весли, намсеани и среќни дечиња, но и возрасни кои се грижат децата да имаат среќно и безгрижно детство беше сликата денеска во градинката Вера Циривири Трена во Штип. Дополнително на ова, заложбите се дечињата да се вклучат повеќе во спортски активности со цел целосен развој на истите. Директорката на детската градинка „Вера Циривири Трена“, Софка Атанасова истакна дека годинава програмата е зголемена за разлика од лани бидејќи и бројот на дечиња е зголемен.
„Секоја прва недела во месец октомври е недела на детето. Во нашата установа се испланирани активности во чија содржина акцент се дава на правата на децата, на нивните обврски и социјални аспекти на детскиот свет, односно дека децата ги имаат основните права да јадат, пијат и спијат, обврските да почитуваат и да ги спроведуваат правата и праведностите како и да го развиваат другарството меѓу себе.“ – истакна Софка Атанасова, Директор на ЈУДГ „Вер Циривири Трена“ Штип
Со настани и актвности за најамлите е предвидено да помине Неделата на детето, со цел најмалите и најмилите да ги уживаат своите права загарантирани со Коневнцијата за правото на детето, но и да ги извршуваат своите обврски, не само во првата недела од месец октомври, не само во овој месец туку 365 дена во годината.
Лаура Стојанова М-Нет