Остварена средба на оризопроизводителите со Премиерот Заев, одлуките ќе се знаат во четврток

Остварена средба на оризопроизводителите од кочанско и премиерот Зоран Заев. Тие денеска на пладне разговараа за барањата кои ги имаат оризарите и заради кои неколку пати по ред организираа протести. Последниот беше минатиот вторник кога беше блокиран патот Штип Кочани кај село Облешево во двата прваци. Истовремено, оризопроизводителите тогаш истакнаа дека нема да излезат на гласање и дека ќе се попишат како робови, бидејќи нивната мака и труд не ја цени никој. Здравко Арсов, оризопроизводител од село Облешево во телефонска изјава за М-Нет телевизија истакна дека средбата поминала добро, но конечните одлуки од истата ќе бидат познати во четврток. До тогаш протестите се ставени во мирување.

„Премиерот делумно ги прифати нашите барања, меѓутоа тоа мора да помине на Влада и во четврток некое решение ќе се најде. Мислам дека разговорот беше добар и до четврток сигурно решение ќе има. Неколку дена да се воздржиме, протестот е стопиран односно ставен е во мирување“ – истакна Арсов.

Оризарите бараат зголемување на цената на оризовата арпа од 17 – 18 денари како што е сега на 25 денари, а цената на белиот ориз да не е под 50 денари.

Лаура Стојанова М-Нет