Јорданов: Моето Ново село заслужува нова иднина!

Продолжува изборната кампања, со проекти, ветувања и подобрувања на животот на граѓаните во Штип. Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов преку видео ветува многу повеќе за како што истакна тој неговото штипско Ново село. Реконструкција на колекторот и постоечкиот мост, како и до уредување на неколку улици овде се дел од нивните ветувања.

„Предвидуваме доуредување и реконструкција на улиците „Никола Карев“ и „Кежовица“. Најстарата и најопеана населба во Штип мора да ја позиционираме онаму каде што оддамна заслужува. Конечно ќе извршиме реконструкција на колекторот и ќе овозможиме и реконструкција на постоечкиот мост. Ново село поседува непроценливо богатсво затоа ќе иницираме развој на туризмот и угостителството. Ќе ја продолжиме пешачката патека од Ново село до градските гробишта. Моето Ново село заслужува нова иднина“

Јорданов откако во текот на вчерашниот ден ја промовираше новата страница на кој граѓаните ќе може да ги пријават сите проблеми, но и да иницираат промени денеска повторно ги повика тоа да го направат преку објава на социјалните мрежи.

Лаура Стојанова М-Нет