Коцев со низа прашањa до ВМРО ДПМНЕ, од таму со став да не отвора теми за кои ќе плати со превисока цена

Бесплатен час денеска организираше директорот на ЈП „Исар“ Здравко Коцев, за како што истакна тој неговите пријатели од ВМРО ДПМНЕ. Постави неколку прашања на кој според него одговорот не се знае. Истовремено  ги советуваше добро да ја научат лекцијата Како се калеше челикот бидејќи испрашувањето е закажано за 17 октомври.

„По вокација сум професор, па денес ќе се обидам на моите пријатели од ДПМНЕ да им одржам бесплатен час.
Дали знае дел од вас од каде јадете свинско месо?
Дали знаете од каде доаѓаше чадот во вечерните часови?
Дали некогаш ја имате видено депонијата?
Дали знаете кој ја чуваше депонијата?
Не, не знаете. “ – кажа Коцев.

Бидејќи во изминатиот период имаше постајно прес конференции на ВМРО ДПМНЕ, на кои според Коцев се истакнуваа само лаги и клевети, од типот каде е метларката, зошто се потрошени три милиони денари за цвеќиња или распишаниот тендер за гориво, сега Коцев упати прашања до ВМРО ДПМНЕ.

„Во ваш стил сакам да ве прашам конкретно, кој директор на ЈП „Исар“ од редовите на ДПМНЕ ги продаде дуќаните на пазарот, цвеќарата Хенри и хемиското чистење и каде завршија парите?“ – праша Коцев.

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип со писмено соопштение одговорија на прашањата.

„Ако се навраќаме на минатото, ќе мораме да потсетиме дека лицето кое ги поставува овие прашања е условно осудено на затворска казна во траење од две години за криминал направен токму за злоупотреба на позицијата која и во моментот ја извршува. Затоа, како високо образовен човек, Магистер за безбедност не отварајте теми кои се најмалку од Ваш интерес и за кои токму Вие ќе платите со превисока цена, а тоа е осуда од јавноста! – додадоа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Лаура Стојанова М-Нет