
Вистински фајтерски натпревар денес на стадионот „Филип Втори“ во Виница одиграа екипите на Слога и на прилепска Победа. Присутните гледачи беа задоволни од играта на своите миленици кои уште во 3 минута со гполот што го постигна Христијан Митревски се радуваа на водството на Слога од 1:0. Се играше отвотено, фер и коректно и се редеа возбудливи ситуации пред двата гола. Гостите од Прилеп во 21 м. го израмнија резултатот на 1:1 со голот што го постигна Бојан Спироски и со овој резултат се отиде на одмор. Слога предводена од шефот на стручниот штаб Никола Кузманов настапи во подмладен состав и во вториот дел беше очигледна прертпазливата игра во која за нијанса како да имаше мала доминација на гостите, но со брзи контранапади Слога атакуваше и се закануваше по голот на Победа. Тоа им успеа дури во 90 м. кога Андреј Коцевски го постигна победоносниот гол со кој ги дигна навивачите на нозе радувајќи се на резултатот 2:1 што значеше победа и нови три бода за зацврснување на првото место на табелата. Судиската четворка од Кичево на чело со Марјан Стојановски одлично си ја заврши работата. Еве ги комплетните резултати од ова 4 коло:
- Братство – Кит Го 0:4
- Каменица Саса – Детонит 1:0
- Кожув – Беласица 1:2
- Осогово – Локомотива 2:2
- Слога – Победа 2:1
Табела
- Слога 12
- Беласица 10
- Каменица С 10
- Победа 7
- Кит Го 6
- Кожув 4
- Осогово 4
- Локомотива 1
- Детонит 1
- Братство 1
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk