
Се ближи терминот за куп натпреварите на Македонија во која екипата на Кит Го ќе биде домакин на актуелниот прволигашки шампион тетовска Шкендија. Според инfормацијата од генералниот секретар на Кит Го Јованче Пилешков овој натпревар од 1/16 финалето на македонскиот куп наместо во Пехчево ќе се одигра во Штип. Теренот во Пехчево беше т.н. „окупиран“ од противпожарните екипи од Словенија и Австрија, потребна е мала реконструкција а градскиот стадион во Штип е пријавен како резервен за тимот на Кит Го. Затоа љубителите на фудбалот во Штип ќе уживаат во уште една добра фудбалска претстава во која тимот на Шкендија по втор пат ќе се појави пред штипскиот фудбалски аудиториум. Во првиот меч во рамките од првенството на Македонија Брегалница и Шкендија одиграа мошне атрактивно и ефикасно и натпреварот заврши со резултат 3:3. Куп натпреварот Кит Го – Шкендија ќе се одигра на 15 септември на градскиот стадион во Штип со почеток во 15.00 ч. со директен пренос на нашата Мнет ТВ и на каналот Мнет Спорт.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk