Трајче Сенев: Кит Го со добра игра ќе јуриша во Струмица со директен пренос на Мнет ТВ

Дво неделната пауза на второлигашот Кит Го му донесе некои нови промени во играчкиот кадар. Тренерот Трајче Сенев ни ја потврди информацијата во која се вели дека стандардниот првотимец Тони Мичковски го напушти клубот и замина за екипата на Силекс од Кратово. Во неговиот тим засега вон стројот, односно повредени се играчите Оливер Христов и Кире Трпчевски и за таа цел се решија за доведување на двајца млади играчи кои значително би биле корисни за тимот. Тоа се досегашните играчи на Брегалница и младински репрезентатативци Љупче Кудев и Анџело Николовски кои се отстапени на 6 месеци. Што се однесува до првенствениот дел, натпреварите од третото коло ќе се одиграат во сабота 11 септември. Тимот на Кит Го ќе гостува на Беласица во Струмица и ќе се обиде да извлече корисен резултат. Во првото коло Кит Го несреќно загуби во Прилеп од Победа со резултат 2:1 а во второто коло во Штип ја победи екипата на Детонит со резултат 4:1. Тренерот Трајче Сенев цврсто верува во своите играчи, во нивната форма и во извршувањето на поставените задачи и најавува фајтерска игра која би сакале да ја крунисаат со поволен резултат. Од натпреварот Беласица – Кит Ги нашата Мнет ТВ благодарејќи на одличната соработка со ФФМ ќе врши директен пренос, воедно и на каналот Мнет Спорт.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk