Уште 54 кандидати за попишувачи пријавени за Штип и Карбинци

Ноќеска на полноќ заврши третиот рок за пријавување на кандидати за реонски попишувачи за претстојниот попис. Според информации од претседателката на Комисијата за попис реон 16, односно општините Штип и Карбинци, дополнително пријавени се 54 кандидати.

„ Во дополнителниот рок кој заврши вчера на полноќ пријавени се 54 кандидати за реонски попишувачи за реон 16, општините Штип и Карбинци. Половина од пријавените веќе се контактирани, а останатите ќе се контактираат во мегѓувреме. Тестирањето е закажано за утре, петок 27 август во просториите на Општина Штип, во големата сала. Тестирањето ќе се врши во две групи со почеток во 10 и 12 часот“ – посочи Китанова.

Доколку сите кандидати се појават на тестирање и положат за овој реон ќе биде потполнет и бројот на резерва кандидати од 10% , кои претходно недостасуваше. За реон 16 Штип и Карбинци потребни се 129 реонски попишувачи и 13 реонски инструктори. Пописот како статистичка операција ќе се одржи од 5 до 30 септември годинава. Попишувачие и инструкторите немаа обврска да имаат сертификат за вакцинација, а како што истакна дирекоторот на Државниот завод за статистика, Симовски казни ќе плаќаат сите граѓани кои нема да отворат врата и кои нема да сакаат да се попишат.

Лаура Стојанова М-Нет