
Во текот на вчерашниот беа презентирани имиња на усште 16 кандидати за градоначаници од редовите на владејачката СДСМ. Од општините во Истокот овде се најдоа имињата на сегашниот актуелен градоначаник на Чешиново Облешево Горанчо Крстев, како и предлог кандидат за градоначаник за Зрновци Виктор Ангелов. На прес конференцијата на Костадин Костадинов тој посочи дека СДСМ на овие избори излегува со најдобрата можна понуда.
Кнадидатот за градоначалник за Општина Чешиново Облешево, Горанчо Крстве истака дека очекува фер избори, но и дека се надева на победа.
„Голема благодарност до партијата што ми даде поддршка да идеме на втор мандат и тука не застануваме, продолжуваме, имаме проекти кои се ветени на граѓаните и сакаме да ги реализираме до крај. Јас очекувам фер избори и очекувам победа искрено“ – додаде Крстев.
Досега од СДСМ се презентирани 51 кандидат за градоначалник. Претходно излегоа и имињата на кандидатите за општините од Истокот. За сега не познати се само кандидатите за Кочани и Македонска Каменица.
Лаура Стојанова М-Нет