
Укината е забраната за движење во шуми и шумски предели. По смирувањето на ситуацијата со пожарите, Владата на вчерашната седница донесе одлука со која на граѓаните повторно им се дозволува да се движат низ шумските предели.
Изјава од 01:18 (главниот) до 01:55 (водостопанство)
„Врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, Владата донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели, и ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено.“ – се вели во соопштението од 101 – та седница на Владата.
Одлуката за забрана за движење низ планините беше донесена на 5 август истовремено со прогласување на кризната состојба во траење од 30 дена, на територија на целата држава, откако од почетокот на месецот катастрофални пожари зафатија големи површини на шума и изгореа десетици илјади хектари под вегетација на повеќе различни локации, а најголеми штети претрпе висококвалитетна борова шума во малешевскиот регион.
Минатата недела, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, најави ублажување на забраната за движење, заодредени категории на лица како планинари и параглајдеристи бидејќи процениле дека планинарите се најголемите пријатели на планините и можат да ги известат надлежните за појава на шумски пожари уште додека тие не се проширени Тие можат да помогнат во гаснење на огнот додека е во почетна фаза, додека пак параглајдеристите имаат можност од воздух да забележат евентуална појава на чад или оган.
Ребека Спасова МНет