Прифатени барањата на студентите од Штип за повисоки стипендии

На иницијатива на студентите повеќето од нивните барања се реализираат пред почетокот на оваа студентска година од страна на МОН. Ова беше главната точка на денешната работна средба на Министерката за образование и наука, Мила Царовска, со студентите од Штип.

И студентите и ректорот истакнаа дека се особено задоволни од прифатените барања, кои веќе се спроведуваат на дело и посочија дека сè тече по најдобар можен ред.

Инаку, како што истакна Министерката, стипендиите за студентите од социјално загрозените и ранливи семејства се зголемени двојно. Претходно, биле на различни нивоа во висина од 3 – 4 илјади денари, а сега истите се изедначени на 6.050 денари. За дефицитарните струки на природните науки се предвидени стипендии од 18.000 денари. Воведени се стипендии и за втор и трет циклус на студии, во висина од 9.000 денари за втор циклус и 18.000 за трет циклус.

За субвенционираниот оброк, пак, првата исплата се очекува да биде до 5 октомври за студентите коишто ќе аплицираат до 31 август и истата е во висина од 2.400 денари.

Ребека Спасова МНет