Заев: Мерките дадоа резултат, расте заинтересираноста за вакцинација!

Моменталната ситуација со корона вирусот е критична истакна денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев, започнувајќи ја кампањата Вакцинирај се.  Тој додаде дека вакцините се сигурни и безбедни и дека само преку масовна вакцинација ќе успееме да се заштите од делта сојот кој се заканува и на помладото население. Заев исто посочи дека ново донесените мерки против ширење на ковид 19 придонесуваат за зголемена бројка на вакцинирани граѓани што значи дека се постигнуваат очекуваните резултати.

Во мометот се соочуваме со уште еден силен бран на корона вирусот, бројките на инфицирани се високи, а болничките капацитети полни, додаде Министерот за здравство Венко Филипче.

И граѓаните во Штип согласни дека новите мерки и ограничувања кои се донесени од страна на Владата ги приморале да се појават во вакциналните пунктови за вакцинација. Лишени од можноста да седнат на кафе, посетат обложувалница или трговски центар допридонело за одлука да се прима прва доза вакцина.

Моментално во државата со воведување на новите мерки вакцинирани се над 1 милион 160 илјади граѓани, а вакцинација продолжува да се одвива со зголемена заинтересираност и без пречки.

Лаура Стојанова МНет